Тимот на Еурофарм Пелистер 2 го започна екипирањето за наредната сезона во која ќе се бори за камбек во Супер лигата.
Првото засилување е повратникот Мартин Јовановски, кој ќе го брани голот на битолчани во следните две сезони.
Тој се враќа во Битола од кипарскиот Анортозис, каде што освои титула во шампионатот, како и трофеи во Купот и Супер Купот на Кипар.
Јовановски во Македонија ги бранеше боите на Пелистер, беше дел од Еурофарм Работник, а настапуваше и за Охрид и Струга, како и шампионот на Алжир – ГС Петролиер.
Потоа имаше уште две интернационални искуства во финскиот ХИФК и германскиот ТУС Дансенберг.