Mакедонската репрезентативка Моника Јанеска Килдан, направи камбек на ракометните терени само неколку месеци по раѓањето на првото дете.
По колапсот на Коњалти Анталија, Јанеска го облече дресот на Трабзон Ортахисар и имаше победничко деби.
Нејзиниот тим славеше на гостувањето кај Адасокаги со 37-32, а македонскиот среден бек имаше одлично остварување.
Јанеска постигна седум погодоци во противничката мрежа и беше најефикасна во победничкиот тим.
Трабзон сега има девет бода што е доволно за шестото место на табелата, а следен противник на домашен терен на Јанеска и нејзиниот клуб ќе им биде Јенимале.