Калајџиески среќен: Минатата сезона гледав ЛШ од трибини, сега ќе дебитирам

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за новата сезона во која го очекуваат големи предизвици.

Еден од новите засилувања за тимот е средниот бек Мирче Калајџиески, поранешниот младински репрезентативец, кој дојде од вториот тим.

Тој е среќен што ќе има шанса да дебитира во Лигата на шампионите.

„Ова е голем чекор за мене за напредок во кариерата. Имав среќа да гледам од трибините натпревари од Лигата на шампионите во Битола, а оваа сезона се надевам дека ќе дебитирам во натпреварувањето. Среќен сум што имам ваква можност, да научам од овие врвни ракометари. Многу од играчите ги познавам, не би требало да имам проблем да се вклопам во соблекувалната. Едвај чекам да ја почувствувам битолската атмосфера“, изјави Калајџиески.

Битолчани ќе тренираат дома и на Златибор, а потоа ќе играат на турнирите во Охрид и Скопје.