Македонија имаше победнички старт во групата за разигрување за пласман од 9 до 16 место на младинското ЕП во Целје.
Избраниците на Раде Стојановиќ ја победија Полска со 28-26, откако имаа и плус шест во финишот, а за МВП на овој меч беше избран Мирче Калајџиески.
Организаторот на играта постигна четири погодоци од четири обиди против полска одбрана и го понесе епитетот најкорисен играч на натпреварот.
За Македонија следува средба со Романија, утре од 12:00 часот, додека завршуваме во групата со двобој против Франција на 18 јули на пладне.