Екипата на КИФ, во која настапува македонскиот интенрационалец Бобан Каковски, запиша важна победа во шампионатот на Фарски Острови.
Тимот на Каковски го доби натпреварот против Клавсик, триумфираше со три гола разлика, 27:23.
Битолчанецот, кој се наоѓа во добра форма, беше меѓу најдобрите стрелци во победничката екипа, зад своето име запиша четири погодоци и подели неколку асистенции кон своите колеги.
КИФ настапот во домашниот шампионат ќе го продолжи на крајот од месец јануари, односно по завршувањето на Европското првенство 2024.