Охрид славеше против Слога Добој во реваншот со 42-18, и со вкупни +42 оди понатаму и веќе може да ги прави плановите за осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп напролет. „Гладијаторите“ ќе бидат во првиот шешир и ќе ја имаат привилегијата во ждрепката во вторник. Ова е трет европски настап за Охрид и веќе го остварија најголемиот клупски успех со пласманот во ТОП 16, но сигурно апетитите се многу поголеми.
По Баку и Слога Добој, Охрид би можел да игра против посилен ривал, но може да налета и на ривал по мерка, па дури и на нивото на босанскиот преставник.
Најважно ќе биде да се избегнат унгарските Татабања и Балатонфуреди во оваа фаза, и покрај тоа што тимот од езерото Балатон не е на нивото од претходните сезони. Меѓу можните ривали е Бешикташ, но тимот од Истанбул иако не е ривал што не може да се помине, би било добро да се избегне барем до четвртфиналето.
Другите можни пет ривали на Охрид доаѓаат од Чешка (Дукла Прага и Брно), Босна и Херцеговина (Коњух Живинице) и Финска (БК46).
Џек-пот за „гладијаторите“ би бил финскиот претставник, а сигурно во Охрид нема да и замерат на Фортуна ако одново ги испрати во Босна и Херцеговина или пак во Чешка.
шешир 1: Охрид, Карвина, Бурса, Целје, Олимпијакос, Рунар, Бузау, Тримо
шешир 2: Татабања, Дукла Прага, Брно, Коњух Живинице, Бешикташ, БК46, Извиѓач/Дуделанж, Балатонфуреди/Фиверс
ЕХФ Европски Куп, мажи, 3 коло, резултати:
Охрид – Слога Добој 37-19, 42-18
Бешикташ – ПАОК 30-25, 24-29
Татабања – Сур Арау 40-33, 27-25
Будванска Ривиера – Тримо Требње 23-33, 20-36
Бузау – Макаби Тел Авив 36-33, 40-33
Олимпијакос – Касано 25-20, 29-26
Брно – Берхем 27-25, 27-24
Карвина – Тирол 43-25, 40-33
Војводина – Целје 34-32, 32-34 пен. 0-3
Сасари – Коњух Живинице 28-36, 28-28
Дукла Прага – Драма 27-20, 31-30
Бурса – Диферданж 35-29, 34-34
Рунар – Свиеса 36-30, 36-33
Извиѓач – Дуделанж 29-27
Фиверс – Балатонфуреди 31-34
Полва Сервити – БК46 28-27, 27-31

























