Со комплетирањето на 14 коло од групната фаза на Лигата на шампионите, познати се сите двојки за осминафиналето и костурот за четвртфиналето.
Двата унгарски тимови Веспрем и ПИК Сегед ќе играат меѓусебе за место во четвртфиналето, додека полскиот Келце ќе се соочи со данскиот првак ГОГ Гудме.
Хрватскиот Загреб, кој игра одлична сезона во елитното натпреварување на патот до ТОП 8 го има францускиот Монпелје, додека ПСЖ ќе игра со Висла Плоцк.
Четвртфиналистите Кил, Магдебург, Барса и Алборг ги чекаат разврските на осминафиналните средби.
Завршниот турнир во Келн се игра на 8/9 јуни во „Ланксес Арена“.