Нема крај на проблемите за Словенија и селекторот Урош Зорман пред стартот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
На пријателскиот натпревар против Кувајт во Требње, средниот бек Алекс Влах, го напушти теренот поради повреда на мускулот, а првичните прогнози не се оптимистички.
Претходно Зорман и Словенија останаа поради различни причини без Нејц Цехте, Блаж Благотиншек, Борут Мачковшек, Миха Зарабец, Матиц Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц и Јака Малус.
Ник Хенигман и Матиц Сухолежник имаат проблеми со повреди, но тие ќе бидат спремни за ЕП, а Домен Новак кој има болки во препоните и Сташ Слатинек Јовичиќ кој има повреда на бутот, беа на трибините за мечот со Кувајт.
Словенија ќе игра против Австрија, а потоа и против Франција или Исланд пред стартот на Европското првенство на кое се најдоа во група со Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови.

























