Екипата на Текстилец славеше очекувано на гостувањето кај Шампион со убедливи 48-36 во натпревар од 13 коло во Првата лига.
Како на бундеслигашки натпревар беа постигнати дури 84 погодоци, што се просек значи дека на секои четириесетина секунди се постигнуваше гол.
Тројца ракометари беа двоцифрени. Од победничкиот тим, Јован Атанасовски даде 11 голови, а десет постигна Филип Савев.
Во составот на Шампион одлична партија имаше Давид Јовчевски со 18 постигнати голови во мрежата на штипјани.
Со овој триумф, Текстилец се израмни на шестата позиција со Аеродром и Јехона со по 12 бодови.

























