Како ќе каже сопругата – си оди Бундес лигата и се враќа дома

Искусниот голман на Фленсбург, Кевин Мелер, би можел да го напушти германскиот клуб една година пред истекот на својот договор, кој е валиден до 2027 година.

Причината за можниот раскин на договорот лежи во желбата на неговата сопруга да се врати во Данска, поточно во Свендборг – родниот град на Кевин и седиште на клубот Гудме.

Според информациите на данските медиуми, 36-годишниот Мёлер, кој играше за Гудме во периодот од 2011 до 2014 година, размислува за враќање во тимот од родниот крај. Тој истакна дека на негови години е сосема природно да се размислува за враќање дома, особено поради семејни причини.

„Прво, се радувам на уште една сезона во Фленсбург. Не вршам голем притисок врз себе, но не сакам ни клубот да го ставам во непријатна позиција. Идеално, би сакал што поскоро да донесам конечна одлука“, изјави Мелер.

Доколку се реализира оваа промена, тоа ќе биде значаен потег за Мелер, кој е дел од една од најсилните екипи во Бундес лигата, но очигледно семејството добива приоритет во завршната фаза од неговата кариера.