Дефанзивците на тимот на Ајзенах измислија нов начин како да се запре летонскиот џин Даинис Кристопанс.
На мечот против Мелсунген, двајца домашни ракометари со здружени сили блокираа удар на 215 високиот Летонец.
Првиот го крена вториот ракометар во воздух за да создадат „жив ѕид“ и на тој начин да го запрат ударот на Кристопанс.
Беа блиску, но не успеаја во тоа. Сепак им дадоа идеја на ривалите на Мелсунген за следни прилики како да се одигра против десниот бек барем кога се работи за удари од девет метри кога нападот е под притисок да биде одземена топката.
Погледнете…