Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува нов предизвик во суперлигашкото друштво и ќе имаат тешко гостување кај Тиквеш во Кавадарци.
Левото крило Марко Каевски, кој вчера одигра одличен натпревар за младинскиот тим, ги сподели очекувањата пред средбата со нивниот некогашен тренер, Кристијан Грчевски, кој сега е предводник на кавадарчани.
„Очекуваме тежок и неизвесен натпревар, Тиквеш е квалитетен противник особено на домашен терен каде што имаат голема подршка од публиката, но ние ќе влеземе максимално мотивирани и подготвени да одиграме на високо ниво. Клучен фактор ќе биде нашата одбрана доколку одиграме цврсто и агресивно во текот на целиот натпревар верувам дека можеме да стигнеме да позитивен резултат“, вели Каевски.
Средбите меѓу Тиквеш и Бутел Скопје секогаш се неизвесни, а Каевски смета дека и сега ќе биде така.
„Да, традиционално овие натпревари се борбени и неизвесни до самиот крај. Иако домашниот терен носи предност, досега сме покажале дека можеме да одиграме квалитетно и на гостински терен. Овие дуели секогаш се играат на високо ниво и со многу енергија,вќе решаваат детали и концентрација во клучните моменти. Нашата цел е пласман во плеј-офот, како и секогаш досега да стигнеме што подалеку и да се бориме со најдобрите. Имаме млада, но амбициозна екипа и сакаме да напредуваме од натпревар во натпревар“, заврши Каевски.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Бутел Скопје ќе се игра во текот на утрешниот ден во салата „Јасмин“ со почеток од 20:00 часот.

























