Двете непоразени екипи во машката кадетска лига Пролет и Еурофарм Пелистер утре во Битола го играат дербито од 3. коло. Двете екипи имаат по 4 бода, и се на делба на првото место во Б групата заедно со Прилеп. Прилепчани се домаќини на кадетите на Алкалоид.
Битолчани во првите две кола триумфираа против Преспа (32-22) и Алкалоид (35-26), додека Пролет беше подобар од Македонија ЃП (37-27) и на гостувањето кај Преспа (31-20). Дуелите во Б групата се играат во три дена, утре, во недела и еден меч се игра во вторник.
Во А групата лидерот Мулти Есен е домаќин на „аутсајдерот“ Радовиш, а интересни би требало да бидат средбите меѓу Вардар и Младост, и меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Овче Поле.
КАДЕТИ – 3 коло
Група А – САБОТА
Текстилец – Илинден 14 ч.
НЕДЕЛА
Мулти Есенс – Радовиш 14,30 ч.
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 12 ч.
Вардар – Младост 16 ч.
Група Б – САБОТА
Еурофарм Пелистер – Пролет 12 ч.
Прилеп – Алкалоид 16 ч.
НЕДЕЛА
Македонија ЃП – Струга 19 ч.
ВТОРНИК
Охрид – Преспа 20 ч.