Актуелниот шампион во кадетска машка конкуренција, екипата на Еурофарм Пелистер ја почнаа одбраната на титулата со висок триумф 35-26 (15-12) против „сините од Автокоманда“. Иако резултатот покажува висoк триумф, сепак до 40 минута од средбата гостите од Скопје се држеа, а потоа „се распаднаа“ и на крај загубија со девет гола.
Горазд Мијалчев со 10 гола (2 гола од пенал) беше најпрецизен кај домашните, додека Максим Гарбески со 9 и Борјан Благоев 8 гола додадоа за гостинскиот тим.
Најдраматично беше на дуелот Прилеп – Македонија ЃП, каде гостите водеа, а домашните го „свртеа“ мечот во своја корист и на крај триумфираа со 32-31. Марио Столески и Божидар Тодороски со по 9 гола беа најпрецизни за Прилеп, а Никола Кизевски да де 12 гола за Македонија ЃП.
Најмногу голови во првото коло постигна Андреј Дамчевски, 13 од Еурофарм Пелистер 2, на дуелот со Младост.
Кадети, 1 коло, резултати:
Група А
Текстилец – Вардар 29-38
Мулти Есенс – Илинден Вардар 43-32
Еурофарм Пелистер 2 – Младост 31-20
Овче Поле – Радовиш 35-20
Група Б
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 35-26
Прилеп – Македонија Ѓорче Петров 32-31
Преспа – Пролет 20-31
Охрид – Струга 31-16

























