Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Милош Стојановиќ, освои злато со тимот на Тримо Требње во Словенија.
Неговиот тим Тримо славеше на гостувањето кај директниот ривал за титулата Шкофлица со 34-28.
Со овие бодови тимот на Стојановиќ собра вкупно 37 бода на 20 меча сезонава, а Шкофлица остана втора со 35.
Стојановиќ е еден од најдобрите стрелци во младинската екипа на Тримо и имаше одлични партии сезонава.
Тој се најде на списокот на новиот селектор Горан Кузманоски за претстојниот Европски младински олимписки фестивал.