Откако заврши настапот на Европскиот олимписки фестивал за македонската кадетска репрезентација следува сезона во која покрај редовните собири, ќе има и дополнителни натпревари против екипи од кадетското првенство.
На тој начин репрезентацијата ќе може повеќе да се воигра, да се испробаат повеќе играчи што секако ќе влијае на развојот на играчите.
Покрај тоа, предвидено е учество на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во октомври. Селекторот Горан Кузманоски и неговиот помошник Митко Стоилов ќе имаат повеќе заеднички собири сезонава.
📅 Планирани натпревари на репрезентацијата:
-
24.09.2025 – против Алкалоид/Мулти Есенс
-
08.10.2025 – против Еурофарм Пелистер/Еурофарм Пелистер 2
-
16/20.10.2025 – турнир „Трофеј Карпати“
-
19.11.2025 – против Вардар
-
03.12.2025 – против Македонија Ѓорче Петров
-
10.12.2025 – против Охрид
-
18.02.2026 – против Прилеп
-
04.03.2026 – против Пролет
Во ЕХФ неделите нема да се играат натпревари од кадетската лига, со цел играчите да добијат одмор и селекцијата да се фокусира на подготовки.
Со новиот формат на кадетското првенство и дополнителните репрезентативни активности, македонскиот кадетски ракомет добива шанса за уште поголем напредок.
Кадетите ги очекуваат квалификации за пласман на Европското првенство 2026 година на крајот на октомври, односно почетокот на ноември. Македонија во Луксембург, ќе игра против домаќинот, Грција и Финска за едно од двете места што водат на ЕП во Србија.