Денеска во Подгорица во трите сали – Бемакс, Морача и Верде, ќе стартува првото кадетско Европско првенство со 24 селекции.
Црна Гора трет пат по ред ја има честа да биде домаќин на ова првенство, кое ќе има уште поголема тежина – најдобрите 14 селекции ќе обезбедат пласман на Светското кадетско првенство во 2026 година.
Македонија предводена од селекторката Даниела Новеска вчера пристигна во Подгорица, тренираше во „Бемакс Арена“ и ракометарките се подготвени за предизвикот.
Нашите кадетки се во група со Германија, Португалија и Словачка, а денеска го играат првиот меч против Германките од 19:30 часот.
Судии на овој натпревар ќе бидат Јустас Иванаускас и Едвинас Јенчевичиус од Литванија, додека делегатка е Бранка Мариќ од Србија.
Дел од овие ракометарки на Германија што ќе играат на ЕП, беа дел од националниот тим што ја освои титулата на Европскиот олимписки фестивал во Скопје.
Европско првенство, кадетки, распоред на натпревари:
12:00 Франција – Чешка
12:00 Исланд – Фарски Острови
12:00 Шведска – Турција
14:30 Норвешка – Словенија
14:30 Португалија – Словачка
14:30 Романија – Полска
17:00 Данска – Шпанија
17:00 Црна Гора – Литванија
17:00 Холандија – Швајцарија
19:30 Хрватска – Австрија
19:30 Германија – Македонија
19:30 Унгарија – Србија