Кадетките со нова шанса за прв триумф на ЕП – денеска е пресметката со Турција

Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го започнува разигрувањето за пласман од 13 до 24 место на Европското првенство во Црна Гора.

Прв ривал во групата J за избраничките на Даниела Новеска ќе биде селекцијата на Турција, која запиша три порази во прелиминарната рунда.

Турчинките загубија од Шведска, Шпанија и Данска, па Македонија има убава шанса да запише прв триумф на континенталниот собир.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра денеска од 12:00 часот во „Верде“ во Подгорица, а ќе го судат Јована Дашиќ и Шарлот Вусомановиќ од Норвешка.

Во вториот дуел од нашата група ќе се соочат Португалија и Шведска.