Кадетките на собир – Новеска објави список, шанса за Лазаревска од шведскиот Малме

Селекторката на женската кадетска репрезентација на Македонија, Даниела Новеска Вељаноска, објави список на ракометарки за собир во ЕХФ неделата.

Новеска ќе смета на 24 ракометарки, кои ќе одиграат пријателски натпревари со женската младинска репрезентација на Македонија.

Од овие 24 ракометарки, 14 беа дел од Европското првенство што се играше во Црна Гора во август, а останатите ќе добијат нова шанса за докажување.

Меѓу нив е стандардното трио голманки – Миновска, Дуновска и Илиоска, а на списокот се Наумоска, Балоска, Ристовска, Беровиќ, Мифтари, Димоска…

Новина е повикот на македонската интернационалка од Малме, Емма Лазаревска, која на 17 години веќе настапува за сениорската екипа во Втората дивизија во Шведска.

Таа може да одговори на сите бековски позиции, па Новеска ќе има прилика да се увери во нејзините квалитети.

Собирот на кадетките ќе биде на 13 октомври од 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.