Во оваа ЕХФ недела две женски репрезентации се на собир – пионерската предводена од Славиша Димитријески и кадетската предводена од Даниела Новеска.
Новеска има на располагање 20 ракометарки, кои ќе одиграат два тест меча против прволигашот Атлетик и суперлигашот Вардар.
Пионерките пак, кои се 30 на број, ќе тренираат и ќе се воигруваат за наредните предизвици на меѓународна сцена.
Сениорската женска репрезентација ќе се собере идната недела и ќе настапи на турнирот во Анкара, каде покрај домаќинот Турција ќе игра против Словенија и Словачка.

























