Кадетките го отворија ЕМОФ со пораз

Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби на стартот на Европскиот олимписки фестивал во Скопје од Исланд со 29-22.

Трифуноска го отвори резултатот и Македонија поведе со 1-0, но потоа следуваа низа грешки и за десетина минути Исладн поведе со 9-1.

Новеска реагираше со тајм-аут, успеавме да намалиме на минус пет, 14-9, но до паузата имаше уште два брзи гола во македонската мрежа за 16-9.

За кратко во вториот дел Исланд отиде и на плус 12, 24-12, па го реши прашањето на победникот, иако до крајот Македонија успеаја да стопи дел од високата негатива.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Ристовска со пет, како и Димоска и Трифуноска со по четири погодоци.

Утре кадетките играат против Швајцарија, додека в среда на програмата е натпреварот против Норвешка во СЦ „Јане Сандански“.