Женската кадетска репрезентација на Македонија ќе се бори за седмото место на Европскиот олимписки фестивал во Скопје.
Избраничките на Даниела Новеска загубија од Франција со 39-18 и сега им останува уште еден натпревар утре од 08:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Победникот беше познат уште по првото полувреме кога Французинките водеа со 22-10, а во вториот дел паднаа помалку погодоци.
Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Елена Балоска со пет и Марија Димоска со четири погодоци.
Противник на Македонија во последниот натпревар ќе биде поразената од дуелот меѓу Норвешка и Унгарија.