Кадетките двапати тестираа со Хрватска

Женската кадетска репрезентација на Македонија одигра две пријателски средби со Хрватска во склопот на подготовките за настапот на Европскиот младински олимписки фестивал и Европското првенство.

Избраничките на Даниела Новеска запишаа два порази од Хрватска со 36-22 и 42-22, а сега се враќаат во Македонија за да ги завршат подготовките пред двата големи настани.

Македонија е во група со Норвешка, Швајцарија и Исланд на ЕМОФ 2025, а натпреварите ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“ од 21 до 26 јули.

Потоа од 30 јули до 10 август ќе бидат дел од ЕП во Црна Гора, а таму за ривали ги имаат Германија, Словачка и Португалија во групната фаза.