КАДЕТКИ: Вардар даде 40 гола во Свети Николе, Металург Автокоманда со три од три

Со три меча се комплетираше 5 коло во женската кадетска лига, а две екипи и натаму продолжуваат со максиммум бодови.

Металург Автокоманда славеше на гости кај Стружанка со 31-20, а предводнички во триумфот беа Ања Лашкоска и Бојана Георгиевска со по седум погодоци, додека исто толку за домашниот тим даде Еџе Сејадин.

Вардар триумфираше со висока разлика на гостувањето во Свети Николе и ова е четврта победа во четвртиот натпревар за бранителките на титулата. Мила Николовска и Мила Ристовска со по девет погодоци беа главни на теренот.

Деспина предводена од Матеа Христоска и Анастасија Јованоска кои дадоа 18 гола, на домашен терен беше подобра од Гевгелија Југ.

На табелата Вардар има осум бода, Металург Автокоманда е втор со шест, но и меч помалку.

Кадетки, 5 коло, резултати:

Овче Поле СУ – Вардар 12-40
Деспина – Гевгелија Југ 26-21
Стружанка – Металург Автокоманда 20-31