КАДЕТКИ: Стружанка и Вардар до „мртва трка“ за титулата

Екипите на Стружанка и Вардар, до последно коло, ќе водат борба за титулата во конкуренција на кадетки. Веројатно нивниот меѓусебен дуел во средината на април, во Струга, ќе реши која екипа е поблиску до трофејот.

Во моментов двете екипи имаа по 25 бода, а на првиот меѓусебен дуел во Скопје, средбата заврши без победник.

Викендов Стружанка дома ја победи Гевгелија со 31-8 каде Маја Раткушиноска постигна 9 гола, повеќе од сите играчи на противничкиот тим. Н аполувреме беше „само“ 10-5 за Стружанка, и потоа со серија од 10-0 зголемија на 20-5.

Илинден Вардар со 41-21 ја победи Јехона во меч одиграв во населбата Илинден.

ТАБЕЛА:
Стружанка 25 бода, ЖРК Вардар 25, Ѓорче Петров 18, Илинден Вардар 15, Делчево Вардар 9, Гевгелија 9, Чаир 8, Јехона без бодови.