Ракометарките на Вардар го добија победничкиот пехар и медалите за првото место во кадетската лига на последниот натпревар оваа сезона.
Вардарки уште минатото коло со триумфот во Гостивар кај Јехона и со поразот на Стружанка кај Илинден Вардар, ја потврдија титулата, па последното коло беше формалност.
Членовите на Натпреварувачката Комисија на РФМ, Иван Јосифовски и Бобан Мајнов, ги доделија медалите и пехарот за девојките на Марија Папуџиева и Даниела Вељаноска.
Вардар на последниот натпревар славеше против Чаир со 37-21 и сезоната ја заврши без ниту еден пораз, со 12 победи и две реми средби со 38 бодови.
Втора е Стружанка со 28 бода, која треба да игра натпревар со Јехона, додека трет е Ѓорче Петров, кој исто така има уште еден меч за играње против Илинден Вардар.