Тимот на Деспина ја забележа првата победа во кадетската женска лига, откако на домашен терен славеше против Стружанка.
Матеа Христоска и Анастасија Јованоска постигнаа по десет гола за победничкиот состав предводен од Мери Гичева, додека кај гостинките премалку беа 12 гола од Еџе Сејадин.
Овче Поле СУ на домашен терен не дозволи изненадување и славеше против Гевгелија Југ со 19-15.
Тијана Темелковска даде осум гола за победничкиот тим, а пет пати за гевгеличанки прецизна беше Симона Динева.
Кадетки, 3 коло, резултати:
Овче Поле СУ – Гевгелија Југ 19-15
Деспина – Стружанка 28-22

























