Со два одиграни натпревари од 7 коло, се комплетираше есенскиот дел во женската кадетска лига.
Екипата на Металург Автокоманда немаше проблеми во дуелот со Гевгелија Југ и запиша убедлив триумф. Бојана Георгиевска со осум и Мила Лашкоска со шест беа предводнички во победата на тимот од Автокоманда.
Деспина славеше против Овче Поле СУ, а најдобри во составот на Мери Гичева беа Матеа Христоска и Анастасија Јованоска со по осум гола.
Кадетките на Вардар, кои во последното коло беа слободни, се на добар пат да ја одбранат шампионската титула откако завршија со максимален број на победи по првиот дел.
Кадетки, 7 коло, резултати:
Металург Автокоманда – Гевгелија Југ 39-12
Деспина – Овче Поле СУ 29-21
Табела: 1. Вардар 10, 2. Металург Автокоманда 8, 3. Деспина 6…
























