Кадетите вторпат убедливо ја победија Црна Гора

Машката кадетска репрезентација на Македонија запиша втора убедлива победа над Црна Гора, овојпат со 31-24 во вториот пријателски натпревар.

По вчерашниот триумф со 15 разлика, денеска избраниците на Горан Кузманоски водеа во текот на целиот натпревар, иако ривалот пружи поголем отпор.

Во првиот дел беше 6-2, но гостите израмнија на 11-11, а на паузата нашите момци водеа со гол, 14-13. Во вториот дел доминираа нашите ракометари и на крајот остварија висока победа.

Најдобри стрелци во нашиот состав беа Стефан Ѓеоргиески со девет гола, како и Јован Петрески со шест погодоци, додека по пет пати погодуваа Лука Јовиќ и Бобан Поповски.

Овие два меча беа дел од подготовките за настапот на Европското првенство во август во Србија.