Кадетите викендов го играат второто коло

Машката кадетска лига продолжува викендов со второто коло, во кое актуелниот шампион Еурофарм Пелистер по триумфот над тимот од Автокоманда, сега ќе гостува кај Преспа.

Екипата од Ресен во првото коло загуби од Пролет, кој пак го игра градското дерби со Македонија ЃП.

Викедов ќе се играат седум натпревари, а само дуелот Овче Поле – Мулти Есенs е закажан за во вторник во Свети Николе.

Кадетска лига, Група А – 2 коло
сабота, 20 септември
Пролет – Македонија ЃП (14)
Алкалоид – Охрид (13)
Преспа – Еурофарм Пелистер (12)
недела, 21 септември
Струга – Прилеп (16)

Кадетска лига, Група Б – 2 коло
сабота, 20 септември
Младост – Текстилец (12)
Илинден Вардар – Еурофарм Пелистер 2 (16,30)
недела, 21 септември
Радовиш – Вардар (18)
вторник, 23 септември
Овче Поле – Мулти Есенс (17,30)