Кадетите со успешна проверка – го совладаа Драчево Јуниор

Кадетската репрезентација на Македонија имаше успешна проверка против прволигашот Драчево Јуниор со 33-31.

Како дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Србија, избраниците на Горан Кузманоски одиграа тест меч против прволигашот на кој селекторот им даде шанса на сите што ги имаше на располагање.

Стефан Ѓеоргиески беше најдобар стрелец со седум гола, додека Архангел Трсунов имаше шест погодоци. По пет пати во листата на стрелците се запишаа Стефан Ѓеоргиевски и Јован Петрески.

Кај Драчево Јуниор се истакнаа Александар Стојменов со девет и Филип Фидановски со седум погодоци.

Машката кадетска репрезентација во вторник ќе ги дознае ривалите на Европското првенство во Србија.