Кадетите против Португалија, кадетките против Франција

По ден пауза, денеска продолжуваат возбудувањата на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.

Машката репрезентација против селекцијата на Португалија го стартува разигрувањето за пласман од петто до осмо место.

Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра во СРЦ „Кале“ со почеток во 13:45 часот.

Девојките исто како и момците ќе разигруваат за пласман од петто до осмо место, а прв ривал е Франција.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција е на програмата од 11:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.