Кадетите од трет шешир ќе ја чекаат ждрепката за ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија е една од 24 учесници на претстојното Европскот првенство во Србија наредната година.

Иако ЕХФ допрва треба да ги потврди шеширите пред ждрепката во јануари или февруари 2026 година, Македонија би требало да биде дел од третиот шешир доколку европската куќа на ракометот се води според рејтингот во последните четири години.

Но доколку се сметаат и резултатите од квалификациските турнири каде четири селекции (Чешка, Италија, Полска и Швајцарија) имаа максимален биланс со три победи на три меча, тогаш Швајцарија би го заземала местото во третиот шешир, а Македонија би била во четвртиот шешир.

Сето ова треба да биде потврдено од ЕХФ во наредниот период, а покрај деталите околу ждрепката, ќе бидат познати и градовите домаќини во Србија, но со оглед на близината нема сомнеж дека нашите кадети ќе имаат голема поддршка во северниот сосед наредното лето.

Европското првенство, кадети, ждрепка:

шешир 1: Хрватска, Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Исланд
шешир 2: Португалија, Шведска, Србија, Австрија, Фарски Острови, Франција
шешир 3: Словенија, Норвешка, Чешка, Италија, Полска, Македонија
шешир 4: Црна Гора, Израел, Швајцарија, Финска, Словачка, Турција