Денеска ќе стартува турнирот „Трофеј Карпати“ во романскиот град Плопени, каде што покрај домаќинот ќе играат Македонија, Полска и Србија.
Прв предизвик за избраниците на Горан Кузманоски ќе биде селекцијата на Полска во мечот што ќе стартува од 15:00 часот.
Кузманоски ќе смета на 18 играчи за овие три натпревари, по што ќе биде објавен списокот за квалификациите.
Во вториот натпревар од 1 коло ќе се соочат Романија и Србија од 17:15 часот.
Овие три меча ќе бидат главен тест за Македонија пред квалификациите за ЕП 2026 што ќе се играат во Луксембург, а освен домаќинот ривали на Македонија ќе и бидат Грција и Финска.