КАДЕТИ: Пролет го доби дербито во Битола – Кузевски постигна 18 гола за Македонија ЃП

Дербито на колото во машката кадетска конкуренција се играше во Битола, каде актуелниот шампион тимот на Еурофарм Пелистер мораше да му честита на Пролет за триумфот од 28-27, со што скопскиот тим сега е единствен со максимални 6 бода по 3 одиграни кола.

Јунак на колото е Никола Кузевски од Македонија ЃП кој даде 18 гола на дуелот со Струга. Домашните триумфираа со 41-32, и ова е нивна прва победа во новата сезона. Кај гостите двоцифрен беше Валентин Ѓорговски кој даде 11 гола.

На дербито во Битола, Горазд Дамчевски го постигна победничкиот гол за Пролет на 19 секунди до крај средбата, иако гостите од Скопје во најголемиот дел од средбата имаа водство. Во последните седум минути Пролет постојано беше во водство (27-24 во 55 минута), а домашните израмнија во 58 минута преку Андреј Георгиевски. Имаа домашните шанса да поведа во послените 30 секунди до Павел Велјановски не реализираше пенал.
Покрај Дамчевски со 8 гола, во побендичкиот тим најефикасни беа и Лука Јовиќ со 4 и Трајче Костов со 4 гола. Кај домашните, Андреј Георгиев даде 7 гола.

Гостински триумф имаше и тимот од Автокоманда кој со 36-34 триумфираше во Прилеп. Двајца играчи ја носеа играта на гостите, Борјан Благоев и Михаил Арсиќ кои со по „десетка“ ја наполнија мрежата на домашните. Левиот бек Арсиќ го постигна и голот со кој гостите на седум секунди до крај ја запечатија победата. Тој во последните 12 минути од мечот постигна седум од десетте гола на својот тим.

Вардар со третиот триумф по ред го задржа лидерксото место на табелата во А групата, а овојпат на домашен терен беше победен Младост од Богданци. Тео Радуловиќ и Давир Мечкароски дадоа по 6 гола за „црвено-црните“, а еден помалку постигнаа Филип Велковски и Борјан Велјановски. Голманите Траjaновски и Пецев имаа 11, односно пет одбрани.
Кај гостите Никола Тасев постигна 8 гола.

КАДЕТИ – 3 коло
Група А
Текстилец – Илинден Вардар 27-40
Мулти Есенс – Радовиш 44-13
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 25-21
Вардар – Младост 39-27
ТАБЕЛА: Мулти Есенс, Вардар и Еурофарм Пелистер 2 по 6 бода, Илинден Вардар, Овче Поле и Младост сите по 2 бода, Текстилец и Радовиш без бодови.
СЛЕДНО КОЛО:
Радовиш – Младост
Илинден Вардар – Вардар
Овче Поле – Текстилец
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2

Група Б
Еурофарм Пелистер – Пролет 27-28
Прилеп – Алкалоид 34-36
Македонија ЃП – Струга 41-32
ВТОРНИК
Охрид – Преспа 20 ч.
ТАБЕЛА: Пролет 6 бод,а Еурофарм Пелистер, Алкалид и Прилеп сите по 4 бода, Охрид и Македонија П по 2 бода, Преспа и Струга без бодови.
СЛЕДНО КОЛО:
Пролет – Струга
Алкалоид – Македонија ЃП
Преспа – Прилеп
Еурофарм Пелистер – Охрид