Кадетите на Прилеп освоија сребро на меѓународен турнир во Грција

Кадетската екипа на Прилеп, предводена од Рубин Богојески, се враќа со сребро од меѓународниот турнир во Грција.

Прилепчани во финалниот натпревар на турнирот загубија од босанската екипа Бјелина со 31-22.

Во групната фаза прилепчани победија на сите натпревари, потоа и во елиминациите, но на крајот беа поразени во борбата за злато.

Покрај Прилеп и Бјелина, на овој силен меѓународен турнир во Кожани, играа и шест домашни екипи.