Кадетите на мегдан со Исланд, скандинавски предизвик и за кадетките

Деенеска е третиот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал што се одржува во Скопје.

По двата порази на стартот, и машка и женската кадетска репрезентација ќе одат во разигрувањето за пласман од петто до осмо место.

Без разлика на исходот од натпреварите во третата рунда, момците на Горан Кузманоски и девојките на Даниела Новеска останаа без шанси за ТОП 4.

Кадетите денеска од 18:15 часот во СРЦ „Кале“ ќе одат на мегдан со Исланд, додека кадетките од 16:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе играат против Норвешка, која исто така досега нема победа.

Влезот за сите натпревари е бесплатен.