Кадетите ќе бркаат ЕП во Луксембург, познат „возниот ред“ за квалификациите

Европската ракометна федерација ги потврди домаќините на квалификациските турнири за кадетското ЕП 2026.

Групата во која што се наоѓа Македонија ќе се игра во Луксембург, а покрај домаќините противници ќе ни бидат Грција и Финска.

Прво и второпласираните селекции од петте групи ќе обезбедат место на Европското првенство во Србија.

Избраниците на Горан Кузманоски го стартуваат турнирот со дуел со Финса, додека втората средба со Грција веројатно ќе решава за првото место.

Распоред на натпревари, квалификации, група Д:

31/10, Македонија – Финска
01/11, Македонија – Грција
02/11, Македонија – Луксембург