Машката и женската кадетска репрезентација на Македонија ги очекува настапот на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.
Кадетите под водство на Горан Кузманоски ќе играат во СРЦ „Кале“, додека кадетките под водство на Даниела Новеска ќе ги играат своите натпревари во СЦ „Јане Сандански“.
Ракометниот турнир на ЕМОФ 2025 ќе се одржи од 21 до 26 јули, со еден слободен ден – 24 јули, а поддршката од публиката сигурно ќе им биде добредојдена на младите спортисти.
За момците е резервиран терминот од 18:15 часот, додека девојките ќе играат секој ден од 16:00 часот.
Групната фаза се игра на 21, 22 и 23 јули, додека натпреварите за пласман се на 25 и 26 јули. Кадетите се во група со Хрватска, Шпанија и Исланд, додека кадетките се во група со Швајцарија, Норвешка и Исланд.