Кадети: Триумфи за Куманово, Бисинов, Аеродром…

Викдендов се одиграа четири натпревари во рамки од последното 9. коло од групата В во кадетската машка лига.

Куманово лесно се справи со последнопласираниот тим од групата В, Борец, откако не наиде на голем отпир и триумфираше со 14 гола разлика, 34:20.

Составот на Бисинов одигра рутински против Астраион и дојде до победа од 35-17. Мартин Иванов беше прво име кај победничката екипа, постигна седум погодоци, кај Астраион се истакна Митко Ефимов, кој воедно беше и најефикасен на натпреварот со десет реализации.

Аеродром на свој терен го совлада тимот на Македонија ЃП со 29:23 и со новата освоена победа се вклучи во игра за подобар пласман на табелата.

Тимот на Алкалоид немаше поголеми проблеми против Бутел Скопје, запиша победа од 33-17.

Најефикасен кај Алкалоид беше Христијан Ѓурмешевиќ со шест гола, додека кај Бутел Скопје се истакнаа Марко Каевски и Давид Јовчевски со по четири погодоци.

Кадетска лига (мажи), 9. коло, резултати:
Група В:
Борец – Куманово 20-34
Аеродром – Македонија Ѓорче Петров 29-23
Бутел Скопје – Алкалоид 17-33
Астраион – Бисинов 17-35