КАДЕТИ: Пролет на чекор до четврт-финале

Откако го доби дербито на колото во Б групата од машката кадетска лига со 27-24 против Еурофарм Пелистер, екипата на Пролет е единствена која има максимален број бодови по 10 одиграни кола. Скопскиот тим има 20 бода, и е на чекор до пласман во четврт-финале иако има да се играат уште 6 кола.

Иако на крај разликата беше „плус 3“ за Пролет, на паркетот не беше така лесно. Битолчани не се даваа, во еден момент имаа и водство, а на полувреме предност од 15-14. Во самата завршница на средбата домашните поведоа со 23-21 во 54 минута, и потао веќе не дозволија да бидат изненадени. Иако Еурофарм Пелистер намали на 25-24, следуваа три гола (два на Лука Јовиќ и еден на Огнен Александаров) за потврда на победата.

На другите средби од Б групата, фаворитите победија, па се зголемуваат и екипите кои влегуваат во борба за место во четвртфиналето. Ако Пролет и Еурофарм Пелистер се меѓу „сигурните“, за другите две места ќе се борат повеќе екипи: Алкалоид, Охрид, Македонија ЃП па дури и Прилеп може да се вмеша.

Во А групата веројатно и Мулти Есенс ќе биде „стопостотен“ бидејќи денеска треба да му гостува на Радовиш кој е последнопласиран. На врвот на табелата во групата се издвои Вардар кој има 18 бода, по гостинскиот триумф во Богданци. Вардарци се исто така на чекор до четвртфиналето, а најверојатно борбата запоследното место што води во меѓу Топ- ќе биде меѓу Илинден Вардар, Младост и Овче Поле.

Резултати
Група А
Илинден Вардар – Текстилец 31-31
Младост – Вардар 24-38
Овче Поле – Еурофарм Пелистер 2 16-16
Радовиш – Мулти Есенс денеска

Следно коло
Младост – Радовиш
Вардар – Илинден Вардар
Текстилец – Овче Поле
Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс

Табела:

РЕЗУЛТАТИ
Група Б
Пролет – Еурофарм Пелистер 27-24
Струга – Македонија ЃП 26-32
Алкалоид – Прилеп 34-25

Следно коло
Струга – Пролет
Македонија ЃП – Алкалоид
Прилеп – Преспа
Охрид – Еурофарм Пелистер

Табела: