КАДЕТИ: Пролет даде 46 гола во Прилеп, Георгиев броеше до 14 во триумфот на пелистерци

Се комплетираа натпреварите од 7 коло во машката кадетска лига, а две екипи останаа на максимум – со седум победи лидер во групата А се „витамините“ од Автокоманда, додека во групата Б тоа е Пролет.

Во групата А, „витамините“ од Автокоманда победија убедливо кај Младост Богданци, а ист беше случајот со Текстилец кој немаше проблеми против Радовиш. Христијан Харизанов и Христијан Коцев имаа по девет гола за победникот, а 12 гола на Стефан Трајанов за гостите беа премалку.

Вардар беше убедлив во мечот со Еурофарм Пелистер 2 и славеше со 39-25. Одлични во редовите на „црвено-црните“ беа Борјан Велјановски со десет и Давор Мечкароски со осум погодоци, а придонес имаа и Тео Радуловиќ и Антонио Трајановски со по пет гола. Кај Еурофарм Пелистер 2, Андреј Дамчевски имаше 11 реализации.

Илинден Вардар исто така оствари убедлива победа против Овче Поле.

Во групата Б, Преспа славеше против „сино-белите“ од Автокоманда со 31-28. Лидери во триумфот беа Христијан Антоновски со седум и Наум Бумбароски со шест погодоци. Во поразениот табор најефикасен беше Максим Гарбески со девет погодоци.

Охрид триумфираше кај Македонија Ѓорче Петров предводен од Илија Трајчески со осум гола, а Ника Кузевски имаше 12 погодоци за домаќинот, додека Еурофарм Пелистер се враќа со два бода од гостувањето кај Струга, а најголеми заслуги одат на адреса на Андреј Георгиев, кој постигна 14 голови.

Лидерот Пролет немаше проблем на гостински терен кај Прилеп и победи со 19 голови разлика. Кадетскиот репрезентативец Горазд Дамчевски даде десет гола, а Огнен Александров стрелаше седум пати во домашниот гол.

Кадети, 7. коло, резултати:

група А
Текстилец – Радовиш 36-25
Илинден Вардар – Овче Поле 27-17
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 39-25
Младост – Мулти Есенс 29-39

Табела: 1.Мулти Есенс 14, 2.Вардар 12, 3.Еурофарм Пелистер 2 10…

група Б
Прилеп – Пролет 27-46
Струга – Еурофарм Пелистер 19-34
Алкалоид – Преспа 28-31
Македонија Ѓорче Петров – Охрид 29-31

Табела: 1.Пролет 14, 2.Еурофарм Пелистер 12…