Екипите на Струга, Еурофарм Пелистер 2 и на Алкалоид се пласираа директно на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција, и ќе чекаат кој ќе биде последниот патник што ќе им се приклучи. Овие три екипи бе апрвопласирани во своите групи, а сега ќе ги следат бараж средбите.
Во баражот за пополнување на едното слободно место за Ф4 конкурираат три екипи. Охрид, Мулти Есенс и Бисинов. Според Пропозициите, во првиот бараж меч ќе играа Охрид и Мулти Есенс. Победникот од овој дуел ќе се сретне со Бисинов, по што ќе се одреди која екипа ќе игра на Ф4 турнирот.
Бараж средбата меѓу Охрид и Мулти Есенс е закжани за утре, а вториот бараж меч во кој својо тпротивник го чека Бисинов треба да се игра на 15 или 16 мај. Ф4 турнирот во кадетска конкуренција е зкажан за 18 и 19 мај. Домаќинот ќе биде одреден дополнително.
Струга беза загубен бод стигна на Ф4 како лидер на Група А, а со два порази втор на табелата е Охрид. Во група Б, првото место го освои тимот на Еурофарм Пелистер 2, пред Мулти Есенс од Скопје.
Актуелниот првак кај кадетите, тимот на Алкалоид беше убедлив во Група В и со најдобра гол разлика и без пораз го освои првото место. Тимот на Бисинов е второпласиран. Во Група В треба да се одигра уште едно коло, но тоа нема ништо да смени. разликата меѓу Бисинов на второто место и Бутел кој е трет е три бода, но велешани победија на нивните две меѓусебни средби.