На две кола докрај на регуларниот дел од сезоната во кадетската лига познати се шест од осумте екипи што ќе разигруваат за пласман на Ф4 турнирот. Утре (среда) се игра мечот меѓу Илиден Вардар и Младост кој може да даде одговор која екипа е поблиску до 4. место во А групата. Тимот од Илиден потоа има „полесен распоред“ но треба да триумфира прво на домашен терен во последниот меч од 12 коло.
Од Група А пласман во четвртфиналето веќе имаат обезбедно Мулти Есенс, Вардар и Еурофарм Пелистер 2, додека од Група Б сигурно продолжуваат понатаму екипите на Пролет, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.
Во четвртфиналето се разигрува за место на Ф4, а се игра по принципот А1 – Б4, А2 – Б3, А3 – Б2 и А4 – Б1.
Еурофарм Пелистер 2 со гостинскиот триумф кај Радовиш од 33-24 го осигура местото меѓу 8-те најдобри екипи. Даниел Христовски со 11 гола беше најефикасен во тимот на битолчани, а ист број бодови постигна иа Стефан Трајанов кај домаќините.
Михаил Арсиќ повторно беше најпрецизен во тимот на Алкалоид на дуелот со Струга што го добија „сините“ со 42-27. Откако во претходното коло Арсиќ даде 14 гола со Македонија ЃП, сега на Струга и даде седум голови, и се наоѓа на третото место на листата на стрелците во кадетската лига. Во Струга двцифрен број голови даде Валентин Ѓорговски, 14, братот на новопечениот репрезентативец Емилијан Ѓорговски.
РЕЗУЛТАТИ – Група А
Мулти Есенс – Текстилец 51-23
Овче Поле – Вардар 22-31
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 24-33
Илинден – Младост (18.03.)
Табела: Мулти Есенс 24, Вардар 22, Еурофарм Пелистер 2 15, Младост 10, Илинден Вардар 9, Текстилец 7, Овче Поле 7, Радовиш без бодови.
Следно коло:
Илиден Вардар – Радовиш
Младост – Овче Поле
Вардар – Мулти Есенс
Текстилец – Еурофарм Пелистер 2
РЕЗУЛТАТИ – Група Б
Пролет – Охрид 34-25
Еурофарм Пелистер – Прилеп 46-20
АЛкалид – Струга 42-27
Преспа – Македонија ЃП 34-33
Табела: Пролет 24, Еурофарм Пелистер 18, Алкалоид 14, Охрид 11, Преспа 9, Македонија ЃП 9, Прилеп 7, Струга 4.
Следно коло:
Алкалоид – Пролет
Струга – Преспа
Македонија ЃП – Еурофарм Пелистер
Прилеп – Охрид
























