Изминатиот викенд беше комплетирано 6 коло од машката кадетска лига со осум натпревари, а само две екипи останаа на максимум.
Во групата А, лидерот – „витамините“ од Автокоманда триумфираа против Вардар и имаат 12 бода на врвот. Младост Богданци предводен од кадетскиот репрезентативец Младеновски со седум гола, триумфираше кај Овче Поле, додека Никола Павловски блескаше во Радовиш и со 15 гола го предводеше Илинден Вардар до убедлива победа кај Радовишани.
Андреј Дамчевски имаше одлична партија во дресот на Еурофарм Пелистер 2 и со десет погодоци беше најдобар на мечот со Текстилец. Битолскиот тим и Вардар се на делба на второто место во групата А со по десет бода.
Во групата Б, лидер е Пролет со шест од шест, откако триумфираше против „сино-белите“ од Автокоманда со 39-27 и се истакна како еден од најсериозните кандидати за Ф4. Кадетските репрезентативци Лука Јовиќ и Трајче Костов имаа одлични партии и комбинираа 14 погодоци.
Блесок имаше и Андреј Георгиев со 18 голови во дресот на Еурофарм Пелистер на мечот со Македонија Ѓорче Петров, а прв триумф запиша тимот на Преспа, кој ја совлада Струга, додека најдраматично беше на дуелот меѓу Охрид и Прилеп.
Таму гостите со голот на Тодороски во последната секунда извлекоа реми. Стојкоски и Столески со по осум гола беа најдобри кај Прилеп, а девет гола за Охрид даде Софкоски.
Кадети, 6. коло, резултати:
Група А
Радовиш – Илинден Вардар 18-38
Мулти Есенс – Вардар 35-26
Еурофарм Пелистер 2 – Текстилец 35-28
Овче Поле – Младост 22-28
Група Б
Пролет – Алкалоид 39-27
Охрид – Прилеп 32-32
Еурофарм Пелистер – Македонија Ѓорче Петров 46-26
Преспа – Струга 28-18


























