Кадети: Фаворитите според планот

Во група А, Струга лесно стигна до победа против Преспа Вардар со 33-18. Најефикасен кај Струга беше Филип Велјановски со девет гола, додека кај Преспа Вардар најефикасен беше Александар Филипоски со шест гола.

Скопје триумфираше против Кузман Вардар со резултат 42-22. Најефикасен во редовите на Скопје беше Марко Ковачевиќ со шест гола, додека кај Кузман Вардар најефикасен беше Лука Савовски со осум гола.

Пелагониското дерби кај кадетите му припадна на Еурофарм Пелистер, откако го совлада Прилеп со 36-27. Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Стефан Лазаревски со девет гола, додека кај Прилеп најдобар стрелец беше Павел Лажоски со десет гола.

Во група Б, лидерот Еурофарм Пелистер 2 ја продолжи победничката серија и против Вардар, откако триумфираше со 29-22. Најефиаксен кај битолскиот тим беше Јован Марковски со осум гола, додека кај Вардар најефикасен беше Андреј Јанакиевски исто така со осум гола.

Мулти Есенс беше убедлив против тимот на Младост Богданци со 40-24. Најефикасни кај Мулти Есенс беа Давид Јаневски, Михаил Митановски и Јован Петрески со по седум гола, додека кај Младост Богданци најефикасен беше Јован Каровски со девет гола.

Голден Арт ги освои бодовите против Тиквеш, откако славеше со 30-24. Најефикасен во тимот на Голден Арт беше Марко Каркалашев со седум гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Мики Лазов со девет гола.

Во група В, се одиграа само два натпревари. Аеродром победнички против Астраион со 35-26. Најефикасен кај Аеродром беше Иван Ќурчиев со 10 погодоци, додека кај Астраион најефикасен беше Митко Ефтимов со 8 погодоци.

Лидерот на табелата Алкалоид убедлив против тимот на Македонија Ѓорче Петров со 55-22. Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Петар Илиески со девет гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Кристијан Ѓероски со седум гола.

Кадети, 5. коло, резултати:

Група А
Еурофарм Пелистер – Прилеп 36-27
Скопје – Кузман Вардар 42-22
Струга – Преспа Вардар 33-18
Охрид слоб.

Група Б
Мулти Есенс – Младост Богданци 40-24
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 22-29
Голден Арт – Тиквеш 30-24
09/12, 14:30, Вардар Неготино – Партизан Гевгелија

Група В, 6. коло
Астраион – Аеродром 26-35
Македонија Ѓорче Петров – Алкалоид 22-55
Бисинов – Бутел Скопје одл.
Борец слоб.
Куманово слоб.