Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби на првиот пријателски натпревар пред Европското првенство во Црна Гора.
Домаќинот на контиенталниот собир славеше против нашите кадетки со 12 голови разлика, 29-17.
На полувремето избраничките на Кристијан Грчевски имаа пет погодоци негатива, 15-10, а во вториот дел комплетно потфрлија.
Во текот на денешниот ден Македонија и Црна Гора ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.
Селекцијата на Македонија на Eвропското првенство е во група со Унгарија, Франција и Романија.