Единствениот женски претставник од Македонија во европските купови, тимот на Куманово, ќе ги одигра двата дуели од ЕХФ Купот на гостински терен.
Ривал на Куманово е украинскиот првак Галичанка Лвов, а првиот дуел е закажан за 20 ноември од 18:00 часот.
Реваншот на кој Куманово формално ќе биде домаќин, ќе се игра на 22 ноември во утрински термин од 11:00 часот.
Судии на двата меча ќе биде Белорусите Валери и Јури Буцкевич. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во осминафиналето на ЕХФ купот.