Македонскиот вицепрвак Куманово се пофали со првото засилување за претстојната сезона во Женската лига и на европска сцена.
Станува збор за левото крило Адела Еленин, која доаѓа од тимот на Деспина од Прилеп и за неа Куманово ќе биде втор клуб во кариерата.
Освен на левата крилна позиција, младинската репрезентативка Еленин може да одговори и на средната бековска позиција, па тренерот Славиша Димитријески добива опција плус.
Куманово остана без бразилската интернационалка Андреза Алмеида, левото крило Пена Граматова, како и десното крило Тамара Ивановска, а го продолжи договорот со левиот бек Габриела Величковска.
Во Европскиот Куп, Куманово ќе игра со швајцарскиот тим Херцогенбуше.