Kрим останаа во игра за елиминациите, Есбјерг се прошета низ Подгорица

Ракометарките на Крим на крилата на екс ракометарката од Металург, Катарина Крпеж Шлезак, ја запишаа третата победа во Лигата на шампионите откако на свој терен беа убедливи против фенерџијата од Групата Б, Кастамону, со резултат 36:28.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кое заврши со резултат 18:10 за словенечкиот шампион. Во вторите 30 минути игра, екипата на Крим ниту за момент не дозволи опуштање во своите редови и убедливо ја прослави првата победа од продолжението во Лигата на шампионите.

Најефикасна на натпреварот беше Катарина Крпеж Шлезак со 13 погодоци. Во поразениот табор стандардно најефикасна беше поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ со седум погодоци. Крим со оваа победа на две кола до крајот останнува во игра за осминафиналето во ЛШ.

Во останатите натпревари од 11 коло, победа оствари екипата на Брест Бретањ, која беше подобра од Борусија Дортмунд со 31:25, а со ист резултат, односно со идентичен број на постигнати погодоци заврши натпреварот меѓу Вајперс Кристијансад и Мец.

Вториот француски претставник успеа да го совлада актуелниот европски шампион со 31:25. Без победник заврши дербито меѓу ФТЦ Раил Карго и Ростов Дон, 25:25, додека Есбјерг на гостувањето во Подгорица немаше никакви проблеми против Будуќност и прослави убедлива победа со 36:25.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БУДУЌНОСТ-ЕСБЈЕРГ 25:36 (13:14)

ФТЦ РАИЛ КАРГО-РОСТОВ ДОН 25:25 (13:13)

БРЕСТ БРЕТАЊ-БОРУСИЈА ДОРТМУНД 31:25 (17:10)

ЧСМ БУКУРЕШТ-ПОДРАВКА ВЕГЕТА – 06.02.2022

ГРУПА Б

КРИМ-КАСТАМОНУ 36:28 (18:10)

ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД-МЕЦ 25:31 (13:17)

ЦСКА МОСКВА-ЃЕР – 06.02.2022

ОДЕНЗЕ-САВЕХОФ – 06.02.2022